Фолк-пејачот Благоја Грујовски 30 години е на музичката сцена. Иако ко млад слушал рок музика, поради татко си решил да пее фолк. На времето едвај со врски со групата „Мераклии“ влегле на фестивалот „Цветници“ кога настапија со песната „Туѓино јабано“ и оттогаш Баже стана популарен. Иако беше новинар во Македонското радио, музиката стана неговата животна приказна.
“Татко ми сакаше да бидам музичар, мајка ми интелектуалец, а не тезгар. И ете им ја исполнив и на двајцата желбата“,вели Благоја во интервјуто за „Репортер“.
Ретко кој знае дека е роден во Белград, дека е дете на студентска љубов, но дека корените му се од Лазарополе. Отсекогаш важел за човек кој остава впечаток кај жените. За него се зборувало сешто, триста муабети, афери за кои вели „ме погодуваат, оти не е баш сè така“.
„Јас не ум таков како што ме зборат. Јас сум повлечен, дискретен човек. Сум превал и јас глупости ко сите. Ми прилепувате секакви приказни, а мојот живот е ист како на другите“, вели Баже во разговорот за „Репортер“.
Беше во брак со презентерката Татјана Стојановска, а сега е во брак со Ирена Грујовска со која се запознал во едно кафуле. Има два сина, Матеј и Марко.
„Едната жена беше 12 години помлада од мене, другата е 24. И децата ми се така, сè е во знакот на 12 и сè е во знакот на тигар“, вели Баже.
Едвај спаси глава од ковидот заради цитокинската бура. Ни раскажа за миговите кога мислел дека тука е крајот.
“Имав халуцинации. Пред мене беше една црна тврдина и снежна виулица. Мислев дека едниот сака да излезе од мене. Не знам како да објаснам. Првпат како да осетив дека сме двајца. Ми велеа халуцинирам“, раскажува фолк пејачот. Опоравувањето било тешко, но тука била сопругата Ирена која морал сега тој да ја лекува од стресот.
Од почетоците до сега, за бракот и како се запознал со Ирена, за односот со поранешната сопруга, за миговите кога мислел дека е во клиничка смрт, за муабетите и озборувањата.. Гледајте го интервјуто.