Библиотека во Њујорк покрај книги изнајмува и вратоврски и ташни

by Тони Зографски

Од август членовите на една книжарница на Менхетн во Њујорк, покрај книги можат да изнајмат и рачни торби, акт ташни како и вратоврски.

Идејата била на библиотекарката Мишел Ли која од помладите членови на библиотеката често слушала дека немаат соодветни модни додатоци за одење на интервју за работа.

“ Засега оваа пилот-програма не мислам да ја проширам и на останатите библиотеки, но очигледно е дека има потреба од ваква врста на услуга. Очекувам  што е можно поголем број на млади да ја искористат нашата понуда, со што ќе им помогнеме да поминат на интервјуата за работа“ – изјавила Ли за “Њујорк тајмс“.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com