Поранешната ѕвезда на Дизни, Мејтленд Вард, одлучила да стане порно актерка пред неколку години.
Вард се прослави во 90-те со нејзината улога во ситкомот на Дизни „Boy Meets World“. Седум сезони се емитуваа на каналот „ABC“ од 1993 до 2000 година, а таа сега проговорила за предрасудите кои многу луѓе ги имаат за неа.
„Многу од нив лажат за својата професија, се кријат зад лажни имиња и имаат вистински страв од физичко и економско насилство“, вели таа.
„Количината на успехот и парите што жените можат да ги добијат во оваа индустрија никогаш не била поголема. Со порастот на платформите како што е „Only Fans“, жените никогаш не имале поголема контрола над нештата кои мажите отсекогаш ги контролирале. Единствената работа која нè спречува да одиме до крај е табуто кое владее“.