Легендарната Маргита Стефановиќ Маги е една од најзначајните музичарки на сцената на поранешна Југославија. Со долга црна коса и неверојатна харизма, таа беше рокенрол икона од осумдесеттите. Ја нарекувале црната принцеза, а најголема популарност стекнала како член на групата „Екатарина Велика II“, која подоцна го променила името во ЕКВ.
Таа беше дел од белградскиот боемски уметнички круг, во кој припаѓаа и останатите членови на оваа група. Публиката често во нејзиниот однос кон клавијатурите ја гледаше како движечка енергија на бендот. Маги беше уметничка душа, школувана пијанистка и композиторка.
Дозвола од мајка и
“Во мојот нормален, стабилен живот, најнестабилниот дел сум токму јас. И тоа не е поради некоја психолошка или не знам каква нестабилност, туку поради постојаната потрага во сите можни области на уметноста и животот”, рекла Маги во една прилика.
Во средното музичко училиште „Јосип Славенски“ заедно со Иво Погорелиќ дипломирала како најталентиран пијанист, по што добила покана да го продолжи образованието на престижниот конзерваториум во Москва. Но, таа ја одбила одличната можност поради нејзината мајка, на која не и се допаднала идејата Маги да замине од дома на таа возраст.
Маргита продолжила да го истражува животот, свирела на пијано и се запишала на Архитектонскиот факултет во Белград. Дипломирала во 1982 година и токму тогаш заедно со нејзиното момче Срѓан Вејвод кој и ги правел најубавите песни се повеќе се загревала на белградската андерграунд сцена, па тргнала во сосема поинаква насока.
Сестраната и харизматична Маги
Пролетта истата година, преку нејзиниот братучед, гитаристот Гаги Михајловиќ, го запознала Милан Младеновиќ, а набргу потоа, на една од тогашните проби на бендот „Екатарина II“ била поканета да му се придружи на бендот каде останала до крајот на 1994 година, односно до смртта на Младеновиќ, што го означило и крајот на постоењето на вистинската ЕКВ.
Во исто време, таа учествуваше во создавањето на албуми на многу југословенски бендови, меѓу кои „Карлови Вари“, „Елвис J. Куртовиќ & His Meteors“, „Ван Гог“ и „Бабе“. Ја компонираше музиката за филмовите „Прв пат со татко наутро“, „Вера Хофманова“, „Враќањето на Вук Алимпиќ“, „Сино сино“, а учествуваше и во театарските продукции „Класен непријател“ и „ Три сестри“.
На покана на режисерот Горан Марковиќ, таа се испроба и како актерка во 1985 година во улогата на Драгана во филмот „Тајванска канаста“.
Последната работа
По смртта на Младеновиќ продолжи да свири во бендот „Курајбери“ и гостуваше на албумите „Глисерс“, „Зион“ и „Директор“, а во 1995 година заедно со група млади музичари од Белград го формираа бендот EQV и го објави албумот наречен „Ти си сета моја болка“, инспириран од познатата песна „Екатарина Велика“.
На клавијатури настапувала на неколку анплагд концерти на „Електричен оргазам“, а нејзиното последно дело е поврзано со театарската претстава „Капут на мртовец“ од 2002 година.
Беше движечката сила на бендот
Сите нејзини успеси со години беа потиснати од борбата со тешките дроги, која стана уште поинтензивна кога нејзиниот татко почина во 1996 година. Обидувајќи се да се ослободи од нив, таа го продала семејниот стан и купила два помали во предградието на Белград, а остатокот од парите го искористила за патување во Индија. Желбата целосно да го промени начинот на живот во далечна земја беше уште еден неуспешен обид, па по враќањето дома направи нови тешки потези. Ги продала двата стана и набрзо ги потрошила сите пари и останала бездомник.
Сосема беспомошна и осамена, последните години од животот ги поминала во напуштена гаража во Борча, а потоа во прифатилиште за бездомници во Вождовац. Таа беше осудена на милост и немилост на минувачите, хуманитарна помош и остатоци од храна кои одвреме-навреме и ги носеа нејзините обожаватели.