Пол Хаубру, познат по прекарот Високиот Пол, работел како слуга на кралицата Елизабета Втора. Тој е еден од ретките кој го знае секој детал од нејзиниот живот.
Роден е во 1959 година, а за кралицата работел од 19-годишна возраст. Тој бил оној кој прв и одговарал на секој телефонски повик и ги договорал сите интервјуа. Минатата година тој стана член на персоналот на кралицата со најдолг стаж во Бакингемската палата. За неговата служба беше награден со сребрен и златен медал.
Во 2006 година, кралицата Елизабета одлучила да се пресели во замокот Виндзор. Го замолила и него да се пресели бидејќи само така се чувствувала безбедно. Таа му дозволила со нејзините пари за да го реновира замокот по негов вкус.
Кога во 1982 година Мајкл Фаган упаднал во спалната соба на кралицата, Пол бил тој што го задржал додека не дошла полицијата. Блиските пријатели на Пол изјавиле дека поради посветеноста на работата, тој никогаш не се оженил. Тој е, без сомнение, една од најинтригантните личности во британската историја.
„Тој знаеше дека може да се вработи во приватниот сектор и да почне да заработува повеќе, но никогаш не му паѓаше на памет да го стори тоа. Веруваше дека припаѓа на кралицата се додека таа го сака. Таа му веруваше безусловно. Тој ги знаеше нејзините тајни и никогаш никому нема да ги открие“, изјавил неговиот пријател за Daily Mail.
Секако, на погребната поворка на кралицата присуствувал и Пол.
„Човекот на чело на поворката се вика Пол Хаубру. Тој беше со кралицата 44. години. Нејзин слуга и придружник. Сега ја придружува за последен пат”, напишал еден корисник на Твитер.