Ракел Велч се здоби со светска слава во 60 -тите години на минатиот век, и оттогаш за неа редовно пишуваат како за секс -симбол. Денес, 81-годишната актерка била снимена од папараците во Беверли Хилс, облечена во бела маичка, црни панталони и сандали на платформа, додека на главата ставила сламена шапка.
И’ додека на повеќето фотографии имала заштитна маска за лице, поради што папараците на почетокот не ја препознавале, штом ја симнала, се појавија препознатливите црти на лицето.
Иако порано жарела и палела во Холивуд, годините го земале својот данок, а нејзиниот последен јавен настап беше во 2019. година, кога даде интервју за британски „Сандеј Пост“. Во тоа интервју, таа откри како после децении слава, сега навистина ужива во животот далеку од очите на љубопитната јавност. Но, таа не крие дека и е мило кога ќе ја препознаат.
„Поубаво е отколку да не те препознаат. Во текот на целата моја кариера, бев ‘забележана’, исто како и сите други актери и актерки, така што сум благодарна што јавноста се’ уште ја интересира каде сум и што правам“, признала таа еднаш.
Оваа добитничка на Златен глобус, која има снимено бројни филмови, е позната и по своите јавни романси, како и по четири пропаднати бракови, поради што често ги полнеше насловите во весниците. Таа беше во брак со Џејмс Вестли Велч, продуцентот Патрик Кертисон, нејзин сопруг беше режисерот Андре Вејнфилд, но и актерот Ричи Палмер.
Родена во Чикаго како Џо Ракел Техада, по разводот со Палмер во 2008 година, уживаше во слободен живот. „Ги обожавам мажите и обожавам да сум во нивно друштво, но од друга страна сум премногу независна. Сакам да имам врска, но, искрено, тешко е да се најдат интересни луѓе на моја возраст“.
Comments are closed.