Ученик (14) е уапсен по пукањето во ОУ „Владислав Рибникар“ во белградската населба Врачар поради сомнение дека пукал со пиштолот на татко му при што уби девет лица, а неколкумина се повредени.
Соседите од зградата во која живее момчето имаат само пофални зборови за неговото семејство.
“Често ги гледав, тој е познат доктор. Имаат и помала ќерка. Момчето секогаш беше културно и фино, но секогаш беше повлечено“, вели една од работничките во близина на зградата во која живее семејството на момчето.
„Кога одговара, само ја спушта главата и трепнува, толку беше повлечен“, опишува сосед кој бил близок со семејството.
Како што вели, детето одело и во музичко училиште.
„Да ви кажам искрено, толку пати сум бил кај нив. Бевме таму еден за друг без разлика на сѐ. Но, не знаев дека има пиштоли, тоа мора да се обезбеди…“, вели сосед кој сакал да остане анонимен и бил многу близок со семејството на момчето.
Семејството со години живее на оваа адреса. Тој додава и дека К.К. постојано менуваше училишта, но не знаеше зошто.
„Постојано одеше на натпревари, беше одличен ученик, не знам што се случи“, коментира тој.
Пред училиштето има потресени деца, но и родители кои се во паника. Улиците се блокирани, а има силно полициско присуство.
„Слушнав пукање, некои студенти веднаш излегоа во ходникот да видат што се случува. Отпрвин мислев дека нешто се слуша надвор. Сите почнаа да врескаат, настана општа паника, сите почнаа да трчаат, кога излегов го видов, дојде и впери пиштол во сите нас“, низ солзи раскажува за „Блиц“ еден од шокираните ученици.