Американскиот финансиер Берни Медоф, осуден за проневера тешка 65 милијарди долари, почина во затвор на 82 години. Тој беше осуден на 150 години затвор во 2009 откако призна дека измамил инвеститори преку пирамидална шема, која пропадна за време на финансиската криза во 2008.
Медоф бил претседател на њујоршката електронска берза “Nasdaq”, а своите берзански клиенти ги оштетил за милијарди долари. Неговата епска измама со акции, која излегла на виделина во глобалната финансиска криза кон крајот на 2000-тите години и која и натаму е најголема во историјата на Вол Стрит, зад себе оставила повеќе од 37.000 жртви во 136 земји.
Во најголемата шема во историјата, Медоф им велел на клиентите дека имаат 60 милијарди долари во неговата компанија Bernard L. Madoff Investment Securities. Но, всушност, истражителите рекоа дека тој ги искористил парите што му ги платиле клиентите за да вложи депозити на нови инвеститори и дека тој не направил трговија со своите клиенти до моментот на апсењето во 2008 година
Медоф ја признал вината на почетокот на 2009 година. Истражителите рекле дека шемата започнала во 70-тите години на минатиот век, додека Медоф тврдел дека измамата започнала во 90-тите години на минатиот век – кога „пазарот заглавил поради почетокот на рецесијата и војната во Заливот“.
Се проценува дека Медоф проневерил 65 милијарди долари, а досега биле вратени 13 милијарди долари.