Пред околу 20 години, Балканот го освои серијата „Касандра“, во која покрај актерката Кораима Торес главната улога ја имаше и актерот Освалдо Риос (58). Порториканец во серијата толкуваше две улоги Игнасио Контрарас и Луис Дејвид Контрарас.
Она што остави дамка на неговата кариера е фактот дека беше обвинет за силување и тоа на познатата пејачка Шакира со која беше во врска.
-Тоа е смешно. Една од најголемите лаги кои се измислени. Самата Шакира изјавуваше дека кон неа сум се однесувал како принц – се бранеше тогаш Риос.
Освалдо Риос денес има 58 година и според многумина тој е во топ форма и изгледа подобро од кога било.Ова го потврдуваат фотографиите што тој секојдневно ги објавува на Инстаграм.
Инаку, Риос беше во брак три пати и има три деца. Од 2015 година, тој е во врска со актерката Ивелин Гиро.