Мики Рурк е популарен актер, боксер и секс симбол на Холивуд на 80-тите и 90-тите години на минатиот век.
И после сите пластични операции, ботокси и останати трикови, луѓето сепак стареат. Се чини дека денес во ера на експанзија на вештачка убавина, тоа не се простува, а особено актерите кои не се поштедени од брчките и вишокот килограми.

Постојат актери кои баш не личат на себе од почетокот на нивната кариера и денес, а меѓу нив има и такви кои имаат многу пороци.
Прекрасниот и шармантен Мики Рурк бил многу популарен во текот на 80-тите и 90-тите години, но интензивниот ботокс, последица од стравот од стареењето резултирал со тоа што Мики денес не личи на себе.
Овој поранешен боксер на кого вистинското име му е Филип Андре Рурк Џуниор, снимил низа филмски хитови, а во 90-тите години се прославил во акциски филмови. Тој тогаш можел да ја има која и да посака жена, а повеќе пати бил прогласуван и за најатрактивен актер во Холивуд.
Во текот на боксерската кариера тој имал многу повреди, како што е скршен нос, ножни прсти и ребра, разделен јазик, а во еден момент дури и на краток период го изгубил помнењето.

Во меѓувреме се вратил во светот на актерството, но наместо улога и умешност во прв план бил неговиот изглед. Откако го „поправил“ лицето од бројните боксерски повреди, станал зависник од операции и ботокс и често шокирал со трансформации.
Никој точно не знае колку пати бил кај пластичен хирург, но неговото лице видно е изобличено.