Глумецот Робин Вилијамс кој во август 2014 година почина, на 21 јули ќе го прославеше својот 70-ти роденден.
По тој повод, неговиот син Зек искрено проговорил за влијанието на погрешната дијагноза на неговиот татко и траумата со која се соочил по неговата смрт.
Зак, кој денес е поборник за менталното здравје, гостувајќи во средата во поткастот „The Genius Life“ зборувал за татковите фрустрации, но и за личните по смртта на неговиот татко.
„Тоа што го видов беше фрустрација“, изјавил Зек за погрешната дијагноза која му била дадена на неговиот татко – паркинсонова болест.
„Тоа низ што поминуваше во целост не се совпаѓаше со тоа што многу пациенти со Паркинсонова болест го доживуваат. Значи, мислам дека му беше тешко“, изјавил Зек.
„Тој имаше проблеми со концентрацијата, а тоа го фрустрираше, имаше проблеми поврзани со тоа како се чувствуваше, а ниту со невролошките перспективи не се чувствуваше добро. Беше многу непријатен“, изјавил Зек кој смета дека лековите поради погрешна дијагноза на татко му повеќе му наштетите отколку што му помогнале.
„Тие лекови не се шега и многу се тешки за умот и телото“, изјавил Зек.
Зек изјавил дека тој не можел да му помогне на својот татко, а поради тоа се чувствувал фрустрирано. Како што објаснил во таа ситуација пациентите се чувствуваат изолирано, па дури и кога се опколени со семејството и саканите личности.
Две години пред смртта, симптомите кај Вилијамс се зголемиле.
„Тоа беше… Не сакам да кажам дека беше краток период. Чувствував дека беше многу подолго отколку што беше поради тоа што тој период на интензивна потрага и фрустрации не е воопшто лесен“, изјавил Зек и потоа открил дека самоубиството на неговиот татко влијаело на неговото здравје.
„Многу пиев за да можам да ги пребродам менталните проблеми, тоа создаде штетни проблеми. И лично јас имав здравствени проблеми и доживеав психоза. Кога отидов на психијатар, ми дијагностицираа посттраумски стрес“, изјавил Зек и додал дека својата траума ја лекувал со алкохол.