ТВ презентерката Татјана Стојановска со години важи за една од најубавите, најуспешните телевизиски лица. Татјана е со години пред екраните и камерите и секогаш може да ја видиме средена, со шминка и во изданија прилагодени за нејзината професија.
Малкумина знаат дека во 1992 година таа ја освои титулата Мис на Македонија и се најде на насловната страница на тогашниот неделник “Екран“.
Инаку, Татјана Стојановска од претходниот брак со фолк-музичарот Благоја Грујовски го има синот Матеј.