Ким Бесинџер некогаш беше жена на која и се восхитуваа заради убавината и актерскиот талент, но поради погрешните одлуки падна во заборав. Денеска не личи на себе, луѓето ја избегнуваат, а семејниот живот одамна и се распадна.
Ѕвездата на филмовите „Девет и пол недели“ и „Бетмен“ некогаш беше најубавата актерка во Холивуд, а сите продуценти и режисери сакаа да работат со неа. Сепак, од 2018 година нејзината кариера е целосно „мртва“, односно Ким нема нови проекти. Од убавица се претвори во опуштена жена која не се грижи премногу за својот изглед, а не ја интересира ниту да работи во филмови.
Многумина не би ја препознале на улица, колку е променета. Нејзината промена на изгледот некои дури ја споредуваат со онаа на Мики Рурк, со кој глумеше во култниот филм „Девет и пол недели“ од 1986 година. Имено, и двајцата со естетски интервенции ја нарушија својата природна убавина и често добиваат коментари дека сега се тажна глетка.
Да потсетиме дека најубавата Бонд девојка, како што ја нарекуваа Ким по улогата во филмот „Никогаш не вели никогаш“, беше модел и се натпреваруваше на избори за убавина пред да влезе во актерскиот свет. Иако постигна огромен успех, долго време зад затворени врати се бореше со тешки психички состојби и нарушувања.
Дури подоцна се дозна дека Бесинџер се борела со напади на паника, а во еден период не излегувала од дома цели шест месеци. Имено, таа страдала од агорафобија, страв од луѓе и простор, па доживеала напад на паника во продавница, по што со месеци не излегувала од дома. Таа успеа да ги надмине стравовите и тоа резултираше со нејзината улога во серијата „Ангелите на Чарли“, која и помогна и со самодовербата.
Освен со импресивната убавина и кариера, Ким вниманието го привлече и со љубовниот живот. Таа беше во брак со шминкерот Рон Снајдер, 14 години постар од неа, од 1980 до 1988 година. Таа, исто така, се забавуваше со Ричард Гир, актер чии обожаватели истакнуваат дека тој старее како вино и дека станува се пожежок. Меѓутоа, додека тие беа во страсна врска за која наголемо се пишуваше во американските медиуми, Бесинџер мораше да прогласи банкрот поради лошите деловни потези.
Сепак, ниту еден маж не доби толку внимание како Алек Болдвин, со кој таа започна врска додека го снимаа филмот „The Marrying Man“.
Две години подоцна, во 1993 година, тие го кажаа судбоносното да, а актерот и комичар често се споменува како љубов на нејзиниот живот. Иако многу го сакаше, таа му кажа „да“ дури на неговиот втор предлог бидејќи нејзината верба во бракот се разниша по разводот со Снајдер. Тие ја добија ќерката Ајрланд во 1995 година, а конечниот крај на нивната љубов беше во 2002 година, кога се разведоа.
За жал, врската ја завршија со жесток развод, односно јавни кавги и борба за старателството над ќерката. Во исто време, протече и видео на кое Алек ја навредува ќерката на телефон кога оставил порака на телефонската секретарка. Ја нарекол ќерка си свиња.
По разводот, психичката состојба на Ким повторно се влошила. Западнала во депресија, качила неколку килограми и почнала да оди на операции, а денес живее затскриен начин на живот. Таа ја одигра својата последна улога во филмската франшиза „Педесет нијанси сиво“, чие трето, последно продолжение беше објавено во 2018 година. Таа е во врска со фризерот Мич Стоун, а не се знае многу за нивниот однос.