Хрватскиот пејач Душко Локин неодамна откри дека ја изгубил сопругата во ноември минатата година.
Имено, пејачот неколку месеци криел дека неговата сопруга Анушка починала како последица на коронавирусот.
„Мојата сопруга почина на 15 ноември од коронавирус. Со ќерката и внуката отидоа на крстосување, а се зарази во Истанбул и остана во болница. Таа беше здрава. Ова е вистинска трагедија, но мора да продолжиме понатаму. Семејството добро се држи, а со оглед на ситуацијата од ден на ден и јас сум подобар“, открил за „24сата.хр“ Душко Локин.
Како што рекол, не сакал оваа вест да се прошири низ медиумите.
„Не ги сакав медиумите на погребот, тоа беше само за блиското семејство и пријателите“, објаснил задарскиот пејач.
Со сопругата Анушка заедно поминале 60 години, а круна на нивната љубов е нивната ќерка Натали.
“Душко за „ИН магазин“ раскажал како дознал за трагедијата: „Кога го видов бројот 01, Загреб… ѕвони телефонот, веднаш знаев што е. Тоа беше шок за мене и за моите деца, но животот продолжува. Не пеев 5 месеци, мислев дека се ќе биде полесно… 60 години со една личност, никогаш не може да биде полесно!“
Локин во една прилика проговори за тајната на долговечноста на нивниот брак.
„Да живееш скромно и да бидеш цврсто на земја и да прифатиш се што е човечко, тоа е нормално. Мислам дека тоа е единствениот начин, бидејќи кога ќе почнете да замислувате дека сте некој и нешто, тогаш сте готови“, изјавил Душко лани за „ИН магазин“ на „Нова ТВ“.
Инаку, покрај тоа што се занимаваше со музика, долги години беше и менаџер на музичари во Канада, Австралија и Америка.