Една од најпознатите холивудски актерки Ким Бесинџер (69) своевремено беше синоним за сексапилност и убавина, а ја красеа и величенствен актерски талент и извонредна харизма.
Бондовата девојка им ги освои срцата на гледачите, но и на многу познати мажи, меѓу кои Ричард Гир, Принц, продуцентот Џон Питерс, а неколку години беше во брак со Алек Болдвин. Сепак, Ким со години го избегнува медиумското внимание и повеќе не ја гледаме толку често во јавноста, иако има добра причина за тоа.
Имено, прославената актерка уште од детството се бори со напади на паника и анксиозност, но во последните години тоа се претворило во агорафобија, односно страв да се биде на отворени места и ситуации кои можат да ѝ предизвикаат чувство дека е заробена, засрамена или беспомошна.
Во 2019 година, Ким Бесинџер на Red Table Talk призна дека нејзината состојба ескалирала до тој степен што воопшто не сакала да ја напушти куќата или да прима гости.
“Како нешто целосно да се затвора во тебе и мораш повторно да научиш сè. Устата постојано ти е сува, се тресеш и постојано си исцрпена. Еднаш отидов во продавница во соседството, кошницата ми беше полна, а нешто ме совлада толку многу што не можев да дишам. Ја оставив кошницата среде продавницата, отидов до автомобилот и потоа не возев шест, седум месеци, раскажа оваа холивудска ѕвезда.
Поради сето тоа, актерката речиси целосно се повлече од јавниот живот и повеќе не снима активно филмови. Таа им е посветена на животните до максимум, а се шпекулира дека некогаш имала езеро со пластични мачки, кучиња и патки, од кои секоја играчка имала име.