Леона Луис се прослави во текот на 2006 година кога победи на британското талент шоу „X Factor“, а тоа ѝ ја донесе животната шанса – договор со дискографската куќа на музичкиот могул Сајмон Кауел.
После тоа таа изгради голема музичка кариера и го отпеа хитот „Bleeding Love“ којшто се најде на врвот од музичките листи.
Потоа следеле уште неколку хитови, како: „A Moment Like This“, „Run“, „Better in Time“ и „Happy“. Леона го добила своето име на светската музичка сцена, а потоа се повлекла, па така во последниве години баш и не ја гледаме често во јавноста.
Си заминала од дискографската куќа на Кауел поради лошите односи, а признала дека поради тоа своевремено се борела со депресија. Открила и дека боледува од Хашимото, хронична автоимуна болест која ја зафаќа штитната жлезда и ја доведува до нејзина дисфункција. Последица на тоа е намалено ниво на хормонот на штитната жлезда во телото – хипотиреоза.
Сето тоа оставило последица и на нејзиниот глас. Луис била позната по моќниот глас којшто има неверојатни висини, но во февруари минатата година таа запеала во студио после долго време и со тоа покажала дека нејзиниот вокал „ослабнал“.
Сега папарацо фотографите ја фотографирале пред некое музичко студио каде се појавила облечена во розово од глава до пети. Леона и натаму може да се пофали со беспрекорниот изглед, а нејзината фигура на тело дури е повитка од претходно.
Во јули минатата година таа станала мајка, ја родила ќерката Кармел:
„А, потоа бевме тројца. Нашата мала Кармел Алегра пристигна на 22.7.2022 година“, напишала Леона на Инстаграм.
Инаку, Леона и нејзиниот сопруг Денис се венчале во 2019 година во Тоскана, а се запознале благодарение на работата. Имено, тој бил танчар на нејзината турнеја „The Labyrinth“ во 2010 година. Ја запросил на одмор во Порторико и пејачката често истакнува дека тој ѝ е најголемата поддршка во животот.
Во декември годинава, Леона закажала големо враќање, поточно божиќната турнеја во Обединетото Кралство каде ќе пее божиќни класици и хитови од нејзиниот албум „Christmas, With Love“.