Таа е една од најмоќните супермодели кои владееја во 90-тите, но и една од ретките во суровиот свет на шоу-бизнисот кои не подлегнале на трендот на естетската хирургија, покажувајќи како се старее достоинствено и како може да изгледа вистинската природна убавина и во шестата деценија.
Кристи Тарлингтон во вторникот се појави на филмскиот фестивал Трибека во Њујорк, рака под рака со својот сопруг Ед Барнс. Славната манекенка блесна во елегантен свилен фустан со боја на старо злато, кој ја истакнуваше нејзината витка, висока фигура, црните сандали и ремен, како и чантата што ја носеше, само го надополнуваат нејзиниот прекрасен изглед.
Интересно е што 53-годишната манекенка е една од ретките жени кои одолева на предизвикот „вечна младост“, решавајќи природно да старее, а дека единствен начин да ја зачува својата убавина е здравиот начин на живот и активната нега.
И навистина – таа отсекогаш била убавица, но се чини дека зрелоста ѝ донела дополнителна продуховеност и шарм. Можеме само да ѝ се восхитуваме на оваа жена која се вбројува во ретките кои не се заморуваат со брчките и годините ги носат достоинствено и дамски.
Еве што објасни Кристи Тарлингтон своевремено за денешниот начин на подмладување:
„До неодамна сите тие работи не ни постоеја, колаген, масни клетки, сите тие лудории кои луѓето ги прават за да се подмладат, а кои не можам ни да ги замислам. Прво, немам време за сето тоа , и второ, мислам дека тоа воопшто не изгледа добро, можеби ќе мислев поразлично ако тоа ми се допаѓаше, ако не болеше и ако не испраќаше лоша порака за младите. Сè уште не сум видела некого да го направи тоа, а да помислам, добро, тоа е добра идеја. Сето тоа ми изгледа многу чудно“.