Зана Нимани беше една од најголемите југословенски ѕвезди, а се прослави во бендот што го носи нејзиното име. „Додирни ми колената“ е хитот на Марина Туцаковиќ, кој и денес сите го знаеме напамет, а кој на Зана и донесе слава. Како изгледа Зана денес и со што се занимава?
Зана беше лице кое Југославија го обожаваше. Сепак, во бендот не издржа – по пет години, пејачката се одлучи за соло настапи.
Во едно од интервјуата што ги дала во осумдесетите, таа кажала неколку незаборавни реченици.
„Имам 22 години. Пушам, што да правам? Не пијам, не се дрогирам, тоа е мојот единствен порок. Ја сакам Слаѓана Милошевиќ. Мислам дека е првата рок пејачка во Југославија, другите не ги препознавам, рече таа.
Од самостојната кариера на пејачката најмногу се издвојува дуетот „Јаболка и вино“ со Жељко Бебек.
После тоа, Зана го издаде албумот „Noćas pjevam samo tebi“ со кој беше означен крајот на нејзината блескава кариера. Бидејќи ситуацијата во регионот се влошувала, таа одлучила засекогаш да ја напушти музиката.
Во 1993 година со сопругот ја напушти Србија и замина во Торонто. Таму таа оствари сосема поинаква кариера, во компанија која се занимава со менаџмент. Медиумите пишуваат дека нејзиниот сопруг Ѓорѓе работи во железница.
Компанијата во која работи Зана неодамна и се заблагодари на Фејсбук, а по тој повод можевме да видиме како изгледа Зана денес.