Холивудската глумица Мег Рајан во текот на целата кариера ја носеше титулата слатка русокоса на Холивуд, но годините зависност од естетските операции целосно и го променија ликот. Потрагата по вечната младост ја водеше од една во друга операција, а резултатите не се многу за пофалба.
Веќе по познатиот филм „Кејт и Леополд“, кој беше снимен во 2001 година, Мег почна да се соочува со недостиг од понуди, токму поради нејзиното изобличено лице
Потрагата по вечна младост ја водела од една на друга интервенција, а резултатите не се баш за пофални зборови.
Веќе по славниот филм „Kate & Leopold“ кој бил снимен во 2001 година, Мег започнала да се соочува со недостаток на понуди токму поради изобличеното лице.
„Има премногу операции. Тоа беше шок за луѓето и таа повеќе не изгледа како Мег Рајан во која се заљубивме“, изјавил Џејмс Манголд режисер на филмот.
„Не се само усните во прашање. Носот е поразличен, јаболчниците – ботоксот е и повеќе од очигледен. Луѓето не сфаќаат дека постои зависност од пластичната хирургија. Таа не е единствениот пример“, објаснил пластичниот хирург Марк Робери за „Daily Mail“ пред неколку години коментирајќи ги славните личности.
Инаку, Мег во 2001 година се развела од актерот Денис Квејд со кој била во брак од 1991 година и со кој има сега 29-годишен син Џек.
Една година подоцна кога се развеле актерката ја потврдила врската со колегата Расел Кроу кој го запознала уште кога била во брак. Во јавноста се зборувало и дека актерката го изневерила својот тогашен сопруг со актерот, но Мег го демантирала тоа.
Расел и Рајан раскинале по само 8 месеци врска, а неколку години подоцна била во врска со музичарот Џон Меленкамп кој поради неа ја оставил сопругата Елејн Ирвис по 19 години брак. Парот се верил во 2017 година, но сепак раскинале по осум години врска, а оттогаш не се знае ништо за љубовниот живот на актерката.