Ангилиски модел, текстописец и пејач Ник Кејман кој направи четири рекорди кон крајот на осумдесеттите и почетокот на деведесеттите, почина на 59-годишна возраст.
Кејмен беше најпознат по сингловите „Секогаш кога ќе ми го скршиш срцето“ од 1986 и „Си ветив себеси“ од 1990, кој се најде на првото место во неколку европски земји.
Кејмен, роден во Есекс, чие вистинско име беше Ивор, се прослави преку рекламирање на фармерките Левис 501 во 1985 година. Клипот каде Кејмен ги соблекува фармерките важеше за една од највлијателните ТВ реклами некогаш направени и резултираше со 800 процентно зголемување на продажбата на фармерките „501“.
Се зборувало дека Мадона била до уши заљубена во него.