За пејачката Јасна Злокиќ 1986 година беше кобна. Таа години Јасна која е роднина на Оливер Драгојевиќ настапуваше со песната “Писмо“ која заради наводно контраверзниот текст не смеела да се пушта по радијата и телевизиите до 1990 година.
Песната “ Писмо“ крена голем прав бидејќи според текстот љубовницата и се обраќа на сопругата дека и го краде сопругот, па и го враќа, бидејќи тој и признал дека ја сака нејзе и синот.
– Тоа е малку провокативна песна со необичен текст. Во тоа време сметаа дека не е добро таа песна да се пее – изјави Јасна која како и Оливер е родена во Вела Лука.