БЕШЕ ДЕЛ ОД ВАРДАРОВИОТ ШАМПИОНСКИ ТИМ: Голманот Арпад Штербик заминува во пензија

by Тони Зографски
Сегашниот голман на Веспрем и поранешен на Вардар, Арпад Штербик на крајот од сезоната ќе го напушти ракометот.
Штербик од 2014 до 2018 го носеше дресот на Вардар, а во 2017 година го предводеше „црвено-црниот“ тим кон историската европска титула. Откако си замина од Вардар тој потпиша договор на две години со унгарскиот гигант Веспрем, договор што му истекува во јуни.
Инаку, Арпад Штербик кој на 20 ноември ќе наполни 40. години низ кариерата уште настапуваше и за Суидад Реал и Барселона.

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com