Глумецот Џејсон Левис во популарната серија “Сексот и градот“ го глумеше заводникот Смит Џерард кој успеа да ја скроти Саманта. Благодарение на улогата серијата Левис на почетокот на 2000-тите се стекна со голема популарност, а неговиот успех во приватниот живот е сличен со оној кој беше претставен преку неговиот лик. Тој на почетокот на својата кариера работел како келнер, а потоа станал успешен модел.
Денеска тој има 48 години, изгледа малку поинаку, но и натаму важи за фатален маж.
Во серијата заштитен знак му беше плавата коса до рамена. Џејсон денеска носи модерна кратка фризура. а одлучи да го следи трендовите па пушти брада и мустаќи.
Инаку, по завршување на популарната серија Левис ги сними филмовите “Лудачка кошула“, “Животот на Боби Зи“ , а во “Running Wild“ партнерка му е Шерон Стоун. Актерот и понатаму води грижа за својот изглед, а во слободно време сурфа и свири гитара.