БЕШЕ ГАЗДА НА “КОН-ТИКИ“: Почина Слободан Миќиќ, авторот на „Светот на дланка“ (ФОТО)

by Тони Зографски

Најпознатиот српски патописец Слободан Миќиќ кој беше сопственик на првата туристичка агенција “Кон-Тики“, почина во 76 година од животот по долго боледување. Миќиќ кој беше директор на “Путник“,  беше познат не само на српската публика туку и ширум Балканот по своите интересни патеписи „Светот на дланка“ кои ги правеше со својата сопруга Марија Шкиљаица Миќиќ.

Економист по образование, а светски патник по определување, српските туристи ги однесе во најоддалечените катчиња на планетата, од Уганда до Галопагос, од Фиџи до Исланд, чиј беше и почесен конзул.

Последните години ги посвети на промоција на Србија, зошто беше вљубен во својата земја – во Дунав, во Ивањица, во Врњачка Бања, салашите и планините.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com