Алекса Пенавега доживеа трагична загуба. 35-годишната актерка сподели дека го изгуби своето четврто бебенце кое се родило мртво.
Филмската ѕвезда, која несомнено ја паметите по улогата во „Spy Kids“, ја откри тажната вест во емотивен пост на Instagram.
„Не постојат правилни зборови кои можеме да ги кажеме кога станува збор за загуба. По прекрасно и мирно породување, нашата ќерка ‘Инди’ се роди мртва. Беше болно патување. Но, во болката пронајдовме мир. Бог продолжува да ни дава утеха и да нè држи во рацете. Ова мало девојче веќе ни ги промени нашите животи на многу начини. Таа беше апсолутно прекрасна. Личеше на тато. Темна коса и сè друго. Тагата ни доаѓа во бранови. Моменти во кои се чувствуваме скршени, а потоа моменти во кои сме благодарни што поминавме барем момент со неа.“
„Не можеме да разбереме зошто се случуваат вакви нешта и можеби никогаш нема да добиеме одговори.“
„Инди Рекс Пенавега, ти комплетно ни го промени светот. Нè одведе на ново место. Те сакаме“ – стои во објавата.
Алекса и нејзиниот сопруг Карлос се родители на две момчиња и едно девојче. Тие стапија во брак во 2014 година.