Од вечерва, Драмскиот театар во Скопје започнува со низа настани со кои ќе се потсетиме на ремек-делата на Горан Стефановски.
Вечерва во 19 часот ќе има бесплатна проекција на претставата „Диво месо“ од 1979, во режија на Слободан Унковски. Модератор на настанот е драматургот Александра Бошковска.
В понеделник во 19 часот, ќе има проекција на претставата „Дупло дно“ (1984) во режија на Унковски, а модератор е Мишел Павловски. Исто така и за оваа проекција влезот е бесплатен.
Горан Стефановски почина во вторникот, во Велика Британија каде живееше изминативе две децении. Семејството соопшти дека телото на Стефановски ќе биде биде кремирано на 5 декември во Кентербери, Англија, а по негова желба пепелта во пригодна прилика ќе биде расфрлана во водите на Охридското Езеро.