Култната група „Бијело дугме“ ќе одржи бесплатен концерт на плоштадот Македонија во Скопје на 17 ноември – објави репортер.мк. Концертот е по повод денот на ослободување на градот, 13 ноември. „Бијело дугме“ пред македонската публика ќе ги испеат своите најголеми хитови од нивните девет албуми.
Инаку, Бијело дугме веројатно е еден од најпознатите рок бендови од поранешна Југославија. Сцената на овој простор ја контролираше во почетокот на 70-тите и 80-тите години. Бендот е основан во Сараево во 1973. Групата беше создадена од бендот Јутро, а новото име го прифатиле во 1974 година. Издале девет албуми во периодот од 1973 до 1989 година.
Многумина групата ја сметаа за симбол на единството во Југославија.