Премиерката на Нов Зеланд Џасинда Ардерн уште еднаш покажа дека ретко може да ја „извади од такт“.
На социјалните мрежи деновиве кружи видео од минатонеделните протести против вакцинацијата, кога комбето во кое беше Ардерн беше забележано и опкружено од гневни демонстранти.
Сè е снимено од лице во автомобилот, а на снимката се слуша „ете ја Џасинда“ и „ова е забавно, среде потера сме“. Автомобилот со камерата го бркаше комбето на премиерката, а во еден момент некој ја нарече Ардерн нацист и ја пцуеше. Се слушнаа и демонстрантите кои извикуваа „срам да ви е“ и „не се согласуваме“.
Додека автомобилот се обидувал да го блокира комбето, владиното возило било принудено да се качи на тротоарот за да избегне судир, а потоа продолжило понатаму.
На прашањето од новинарите да го коментира инцидентот, Ардерн рече дека во ниту еден момент не била загрижена за нејзината безбедност.
– Беше само уште еден ден. Не се грижев за безбедноста на луѓето кои беа со мене. Оваа работа носи нови и различни искуства секој ден. Во моментов во земјата владее поинтензивна атмосфера, невообичаена за оваа земја. Исто така, верувам дека со текот на времето ќе помине – рече таа.