Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони (85) се ожени со 53 години помладата политичарка Марта Фасцина (32). Како што пишуваат италијанските медиуми, свадбената забава се одржала во историскиот имот Вила Гернето во градот Лесмо, северно од Милано, а присуствувале околу 60 гости.
Облечена во венчаница од чипка, од брендот Антонио Рив, Марта до олтарот ја однел нејзиниот татко.
-Марта, кон тебе чувствувам голема љубов. Вакво нешто не сум искусил досега во животот! Беше со мене во тешките моменти, не би можел да живеам без тебе – рекол Берлускони додека си давале завет.
Парот бил заедно околу две години, а богатството на Силвио се проценува на околу седум милијарди долари.
Тој во минатото во неколку наврати беше во центарот на светската јавност поради секс скандали, но и поради даночни малверзации.
Имаше и низа на здравствени проблеми, се избори со рак на простата, а пота во 2007 година во Америка беше опериран поради проблеми со срцето. Во 2020 година се избори со корона вирусот, и тогаш изјави дека тоа бил најопасниот предизвик во неговиот живот.
Берлускони ја започна романсата со Марта откако ја раскина врската со 34-годишната Франческа Паскале во 2020 година. Таа има дипломирано калабриска книжевност и има повеќе од 16.000 следбеници на социјалната мрежа „Инстаграм“, каде што најчесто објавува политички содржини.
Пред Марта, Берлускони беше два пати во брак и има пет деца.