Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалуваат за 1,00 ден/лит, реши денеска Регулаторна комисија за енергетика. Со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ ќе изнесува 80,00ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 82,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) ќе изнесува 76,50 ден/лит.
-Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В), се намалува за 0,50 ден/лит и со тоа ќе изнесува 77,50 ден/лит. Цената на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,411 ден/кг и тој ќе се продава по цената од 43,332 ден/килограм, соопшти Комисијата.