По евровизискиот скандал каде гледачите и новинарите го обвинија италијанскиот пејач Дамиано Давид (22) за шмркање кокаин во директен пренос социјалните мрежи се вжештени и понатаму. Постојано излегуваат фотографии на кои од една страна се покажува скршената чаша, а на друга како стои бело пакетче на масата, која уште повеќе ги поттикна сомнежите.
Од Евровизија се огласија за овој скандал што го тресе целиот свет и, како што пишуваат странските медиуми, целиот бенд ќе биде тестиран за дрога, со цел да се отстранат сомнежите.
Инаку, на прес-конференцијата после шоуто, Давид строго негираше дека се дрогира.
„Томас скрши чаша. Јас не користам дроги“, рече тој.
Бендот и на Инстаграм објави дека се против користење дроги и оти никогаш не земале кокаин.
„Подготвени сме да бидеме тестирани. Ништо не криеме“, напишаа тие.