Директор на скопскиот Џез фестивал, Оливер Белопета чиј проект беше одбиен на скандалозниот конкурс на Министерството за култура, ги демантира вечерашните тврдења на премиерот Зоран Заев, кој изјави дека немаат доставено документи при апликацијата за државна субвенција
„Секој поединечен искажан збор е неточен! Комплетна лага! Не е мое да претпоставувам кој од неговите најблиски кабинетски соработници му пренесува вакви ‘информации’, иако притоа не би бил далеку од вистината“, напиша Белопета на својот профил на „Фејсбук“.
По бурните реакции, Заев најави дека голем дел од конкурсот ќе биде поништен.