16 годишната ученичка од Париз, Јулија А. без посериозна здравствена состојба станала една од најмладата жртва во Европа на коронавирусот. Таа имала респираторни проблеми и била во париската болница, откако пред една седмица имала “блага кашлица“.
Нејзината сестра Манон предупредува дека Ковид-19 може да ги убие и младите луѓе истока како и старите врз основа на здравствените проблеми.
“Мораме да престанеме да веруваме дека овој вирус ги погодува само постарите луѓе. Никој не е непобедлив на овој мутиран грип. Јулија минатата седмица имаше лесна кашлица. Следеше влошување на состојбата минатиот викенд и во понеделникот отидовме на доктор по општа медицина. Таму ѝ беше дијагностициран респираторен дистрес“.
Манон се согласила да разговара за францускиот весник „Перисиен“ да објави фотографија од својата сестра, затоа што сакала да ги предупреди сите останати на ризикот од коронавирусот- особено младите.
„Белите дробови ѝ се распаднаа. Докторите направија сè што можеа, но беше невозможно да ја спасат“, рекла таа.