Дваесетина средни училишта и гимназии во Белград добиле меилови за поставени бомби, а учениците и професорите веднаш се евакуирани, а за сѐ веднаш се известени МВР и БИА.
„Слична ситуација се случи пред неколку дена во соседна Црна Гора. Нашата полиција прво ќе ги испита заканите, а децата и вработените нема да бидат вратени во училниците додека полицијата не потврди дека е безбедно, што е приоритет“, рече првиот вицепремиер и министер за образование Бранко Ружиќ.
„Влезе професорот по физика, само ни рече: „Имаме бомба во училиштето, мора да излеземе“. Сите сме супер, еве сме пред училиште, само професорите се во паника. Мислат дека е сериозно“, изјавил за Блиц ученик од Земунската гимназија.
Во Медицинското училиште Звездара утрово околу осум и пол непознато лице пријавило дека во училиштето има бомба.
„Во седум и пол само дојдоа и ни рекоа да излеземе од училиште. А, директорката само ни рече да се повлечеме и во случај да се случи нешто, да не бидеме блиску. Прво дојдоа двајца полицајци со автомобил, а сега уште двајца со комбе. Сите стоиме пред училиштето“, се наведува во една објава на Инстаграм станицата- „Србија во живо“.
Ружиќ изјави дека полицијата ќе ги испита заканите, а децата и вработените нема да бидат вратени додека не биде безбедно.