Српскиот епидемиолог Предраг Кон, како гостин во утринската програма на српската телевизија РТС, на прашањето каква е моменталната состојба во Србија и дали е поминат пикот на првиот бран, изјавил дека станува збор за многу сериозно прашање.
„Ние сме на високо ниво и таа крива се стабилизира, одиме по самиот раб, особено во Белград“, додал Кон.
Тој посочил дека „Белград е вистинска епидемиолошка бомба затоа што има огромен број места каде вирусот одеднаш може да започне да се пренесува“.
„Апелирам на почитување на мерките и на вклучување на сите инспекциски тела, комуналната полиција и сите оние кои треба да контролираат дали се спроведуваат мерките, да нема случајно продолжено престојување во барови, кафулиња, што може да се види и за што имам пријава и извештај“, рекол Кон.
„Многу е важно да се разбере, ние сме сега за време на викендот, тоа беше времето кога порано го решававме со полициски час. Сега тоа го нема и имаме само сопствена свест и многу е важно да ја контролираме“, истакна Кон.
Тој објасни дека кога велат дека вирусот се пробил преку епидемиолошки бариери, не значи дека епидемиолозите не ја вршат својата работа, туку дека продолжуваат да ги следат контактите и да се обидат да го потиснат ширењето колку што е можно повеќе.
„Суштината е дека вирусот е кај луѓето и дека е релативно слободно се пренесува и дека е многу важно да се разбере овој момент, затоа што сега веќе немаме полициски час која ја реши таа ситуација и се што е пропишано мора да се почитува“, изјавил Кон и додал дека е задолжително да се носат маски во затворено и на отворено каде не можете да дозволи растојание од 1,5 метри.