Науката одбра нова најубава жена во светот, станува збор за англиската актерка Џоди Комер, најпозната по улога во серијата „Killing Eve“.
Со употреба на старогрчка метода на пресметување, Џоди Комер е прогласена за најубавата жена во светот. Во обѕир се земени низа фактори, а колку што е лицето поблиску до пропорциите 1:1,618, толку таа личност е посовршена.
Според тоа, очите, веѓите, носот, усните, брадата, вилицата и обликот на лицето на Комер се најблиску до идеалните мерки, со резултат од 94,52%. Актерката наиде на „сериозна“ конкуренција во познатите убавици Зендаја, Бела Хадид и Бијонсе кои беа споредувани и блиску до совршениот резултат.
Листата на убави жени според научната формула ја креираше естетскиот хирург д-р Џулијан Де Силва, кој води Центар за напредна козметичка и пластична хирургија на лица со помош на компјутерски потпомогната техника на мапирање.
„Џоди Комер е очигледна победничка кога беа измерени сите елементи на лицето за физичко совршенство“, изјави Де Силва.
Втора на листата се најде Зендаја, додека Бела Хадид падна на третото место. По неа се најде Бијонсе, која заврши на четврто место.