Министерот за економија Крешник Бектеши денеска изјави дека останува на ставот дека поскапувањето на струјата ќе биде најмногу до 10 отсто.
-Јас останувам на тоа што сум го кажал и ќе чекаме до крајот на месецот да видиме каква ќе биде одлуката на РКЕ. Ние сме ги направиле сите анализи, и не само јас како министер за економија и другите институции биле вклучени – енергетските компании како што се ЕСМ, ЕВН, МЕПСО и согласно нашите анализи останувам на ставот што сум го кажал. Нема да има зголемување повеќе од 10 отсто, рече Бектеши во одговор на новинарско прашање на прес-конференцијата по завршната конференција „15 години ја олеснуваме трговијата“ по повод едногодишното претсеадвање на земјата со ЦЕФТА.
Тој прециизра дека првично не кажал 10 проценти, туку, вели, најмногу до 10 проценти, а тоа може да биде и нула, и еден и два, па до 9,99 отсто.
Дополнително на тоа, за граѓаните, појасни дека веќе почнале да се изработуваат нови модели во делот на одредување на цена на електрична енергија со моделот на блок тарифи каде што, какошторече ќе ги поттикнеме граѓаните да заштедат електрична енергија.