Легендарниот тенисер Борис Бекер ја отвори душата во документарен филм кој беше сниман пред неговото заминување во затвор поради банкрот.
Бекер беше осуден дека сокрил имот вреден 2,5 милиони фунти, а наскоро се очекува да излезе на слобода по осум месеци поминати во затвор.
„Го допрев дното, не знам што да правам. Ќе се соочам со својата казна, нема да се сокријам или да избегам. Ќе ја прифатам казната без разлика на тоа каква е“, вели расплаканиот Бекер.
Покрај Бекер, во овој документарец ќе се појават уште и Мекинро, Виландер, Штих, а тука е и Новак Ѓоковиќ, на кого Бекер му беше тренер од 2013 до 2016 година.
Поранешниот тенисер прогласи банкрот во 2017 година поради долг од речиси 50 милиони фунти.
The series, directed by #AlexGibney, follows tennis superstar Becker as he faces bankruptcy and criminal charges after he was convicted of hiding his assets.