Дејвид Бекам и Викторија Бекам летуваат на јахта. Овој пат нивната дестинација е Мајами. Бекамови уживаат во сончевите денови, посветувајќи се максимално на уживањето.
И додека сите ја коментираме исхраната и рутината за вежбање на поранешната членка на групата Spice Girls, изгледа пропуштивме колку добро изгледа нејзиниот сопруг Дејвид Бекам на 50-годишна возраст.
Овој пат имавме можност одблиску да го погледнеме кога пристигнаа најновите папарацо фотографии од пензионираниот фудбалер.
Изгледа неверојатно во гаќички за капење! Вакво тело дефинитивно бара сериозно вежбање и внимателен план на исхрана.
Што јаде Дејвид Бекам?
Денот започнува со обилен оброк како омлет. Ручекот е секогаш лесен: пилешко и зеленчук, додека тој ја прескокнува вечерата. Само еднаш (и тоа за роденден) бил забележан во ресторан како јаде шунка и јајца. Инаку, Бекамови не јадат бело брашно, брза храна и слатки. Тоа е правило до кое строго се придржуваат.
Како вежба Дејвид Бекам?
Поранешниот фудбалер напорно работи за да ја одржи кондицијата. Затоа, секој ден скока на јаже, трча спринтови, тренира кардио и не зема слободен ден. Вежбањето е задолжително секој ден, а за да избегне досада, Бекам практикува различни спортови.
Еве како изгледа еден од неговите денови во теретана:
Лесно загревање и истегнување 10-20 минути. Пет пати ги повторува вежбите:
– 40 вежби за стомачни мускули,
– скокање со јаже 30 секунди
– 20 склекови
– 10 вежби со руско ѕвонче
– 20 клекнувања