Дејвид и Викторија Бекам сè повеќе време минуваат во Мајами откако тој стана ко-сопственик на фудбалскиот клуб Inter Miami CF. Па, славниот пар одлучи таму да има и свој дом.
Апартманот чини 20 милиони долари, а се наоѓа во зграда дизајнирана од славната архитектка Заха Хадид. Сместен е на еден од повисоките катови со поглед на Мајами, станот со големина на палата содржи пет спални соби и 6,5 бањи на скоро 10.500 квадратни метри.
Претходната резиденција на Бекам беше во Лос Анџелес, каде Дејвид играше за Л.А. Галакси. Тие го продадоа својот дворец во медитеранскиот стил на Беверли Хилс во 2018 година за 33 милиони американски долари.