Една од најатрактините Србинки и ќерка на познатиот фудбалски работник и бизнисмен Мирко Вучуревиќ, Вукица Вучуревиќ, го привлече вниманието на јавноста откако пред неколку години се одлучи камерите од хрватската телевизија да ги пушти во својот дом. Медиумите тогаш ја нарекоа српската Шерон Стоун. Таа тогаш го покажа целиот раскош во кој ужива.
Вукица од нејзиниот татко го наследила фудбалскиот клуб „Банат“ од Зрењанин и фабриката за часовници „Нивада“ од Швајцарија. Вукица тврди дека од нејзината мајка ја наследила убавината, а од татко и парите. Кога станува збор за мажите, таа секогаш кажува дека „вредат толку колку што имаат пари“.
Луксузните патувања не и се непозната работа, таа често патува на најдалечните дестинации на кои поминува и по неколку недели. Ексклузивниот накит, скапоцената гардероба, скапата храна… се нејзино секојдневие.
– Јас без 30.000 евра не одам во шопинг. Кај мене само бундата чини толку – изјави таа во една прилика додека од својот гардеробер ја покажуваше скапата бунда.
Љубител е на автомобили мерцедес, а нејзината вила се наоѓа на Дедиње, која е изградена според нејзина желба. Златните бои преовладуваат во нејзиниот дом, па затоа за луксузот непотребно е да се коментира.
Покрај уживањето во животот на Вукицаа и се случиле две трагедија едно по друго, кога во август починал нејзиниот татко Мирко, а неколку месеци пред тоа и нејзината мајка.
– Мојот татко не беше болен. Беше витален и активен. Не знам зошто пишуваат „починал по тешко боледување“. Тој ги прецени своите можности, беше во Женева, потоа пет дена на море. За тој кобен 12 август планираше повторно некаде да патува. Беше тоа најверојатно срцев удар. Ми кажаа дека претходниот ден не се чувствувал добро, дека повикал брза помош која никогаш не ни дошла. Мене не сакал да ме повика. Беше опкружен со лоши луѓе, напиша Вукица на својот Фејсбук профил.
Нејзиниот татко бил и хуманитарец, па така тој во Банатски двор, каде што е роден, има изградено црква, училиште, патишта и уште многу нешта…