Клои Кардашијан сподели неколку вакви фотки на кои изгледа одлично, а ѝ се познава и целулитот.
Оваа 38-годишна ријалити ѕвезда не се срами од својот целулит, а со фотографии на Инстаграм покажа дека ниту едно тело не е совршено.
Целулитот е природен феномен кој ги погодува повеќето луѓе, па затоа не треба да подлегнуваме на модните трендови кои бараат секоја физичка неправилност да биде скриена од очите на јавноста.
На фотографиите, Клои носи сиви бикини и изгледа одлично. Во описот појаснува дека фотографот била Кендал Џенер:
„Кога сестра ти ти ги знае аглите“.
Инаку, од сите сестри, Клои е најмногу критикувана за користењето фотошоп, а самата има изјавено дека тоа што постојано ја споредуваат со сестрите, имало лошо влијание врз нејзината самодоверба.