На шестиот ден од почетокот на 80-от Филмски фестивал во Венеција се случи најголемиот моден шок на познатата Мостра.
За тоа е заслужна интернет ѕвездата Лејла Депина која на вчерашната премиера на филмот „Hit Man“ на Ричард Линклејтер ја понела најсмелата креација, налик на нејзините претходни модни изданија.
Фустанот кој Лејла го носела на црвениот тепих тешко може и да се нарече фустан во вистинска смисла на зборот. Металните делови едвај прекривале нешто, а нејзините гради биле разоткриени исто како и гаќичките кои ги носела.
Љубителите на поскромното облекување никако не го поддржуваат ваквото разголување во јавноста, сметајќи го за вулгарно, додека оние кои ги поддржуваат модните провокаации сметаат дека нема место за такви ставови бидејќи модата е всушност слобода.