Вардаровата навивачка група “Комити“ преку Фејсбук испрати проглас преку кој ги повикува сите утре да дојдат на пречек на ракометарите на Вардар.
-Без оглед што ќе се случи денес во Келн, шампионските срца заслужуваат величествен пречек!
Парадата на Гордоста започнува со пречекот на Аеродромот, каде одиме со автомобили, потоа со дефиле од илјадници автомобили, мотори, веспи, автобуси, велосипеди, тротинети…
Ја повикуваме цела црвено-црна армија и цел Македонски народ заедно со овој голем успех да ја прославиме храброста, истрајноста, борбеноста, непокорот а со малку повеќе среќа и божја волја – втората европска титула !!!
Оваа Парада на Гордоста воедно е и прослава на нашиот 32 роденден !!!
Ги повикуваме ЈСП Скопје и приватните превозници да им овозможат на сите оние кои немаат сопствен превоз до Аеродромот а горат од желба да ги пречекаат јунаците тоа да им го овозможат. Дополнително ќе се објави место за Собир – се вели во прогласот на навивачката група “Комити“.