Без пердуви, светки или деколте: Сексапилниот фустан на Скарлет Јохансон е лекција по моден минимализам (ФОТО)

by Тони Зографски

Скарлет Јохансон многумина ја нарекуваат современа Мерилин Монро поради нејзината сексапилност и харизма.

Тоа го покажа на синоќешното доделување на Еми наградите, кога го испочитува правилото „помалку е повеќе“ и воодушеви со својот стајлинг.

Вчерашната церемонија на доделување на Еми наградите која се одржа во Лос Анџелес по 77-ми пат, денес е главна вест за љубителите на филмови и серии, како и за модните познавачи, како и секоја година.

Свечената церемонија собра огромен број ѕвезди, а меѓу нив ги видовме Кејт Бланшет во ремек-дело на Армани, популарната актерка Сидни Свини, Лесли Биб, Лејтон Мистер, Кристен Бел, Сара Полсон, Колман Доминго, модната победничка на вечерта Џена Ортега во необичен горен дел од Живанши…

Кога зборуваме за најголемите ѕвезди, невозможно е да не ја споменеме Скарлет Јохансон, една од најубавите жени на денешницата, која овој пат се одлучи за минимализам и потсети дека за некои, тоа е едноставно доволно.

Актерката доби фустан изработен по мерка од модната куќа Прада, модел без прерамки и ракави кој е тесен во горниот дел, а од колковите надолу е малку поширок. Станува збор за навидум едноставен, текстуриран фустан, кој успеа ненаметливо да ја истакне совршената фигура и облините на Скарлет.

Оваа креација е особено ефективна поради путер жолтата нијанса, која е еден од најголемите трендови во изминатите две години, а ја издвои актерката од морето на црни и црвени креации.

Скарлет го комбинираше фустанот со „Прада“ сребрени сандали со платформа, и „Де Бир“ висечки обетки од жолто златно, што одлично се вклопија со светло жолтиот фустан.

останати вести