Синоќа во голф клубот “Риверсајд“ во Загреб се одржа пилот-свадба која треба да даде одговор каков потег ќе повлечат здравствените власти во Хрватска наредноте денови во борбата со коронавирусот. Од овој собир кој треба да е симулација на свадба само што немаше малдоженци, ќе зависи каков ќе биде јавниот живот во наредните месеци во Хрватска кога се во прашање забавите. На собирот присуствуваа 130 луѓе кои се забавуваа без маски и одржување на дистанца.
Имаше жива музика,од бендот „Права ствар“, до диџејот, богата свечена вечера, а веселбата траела раните утрински часови. Овој собир се реализира според сценарио на Кризиниот штаб во борбата со пандемијата од коронавирусот. Гостите кои се на оваа свадба се вакцинирани со две дози и лица кои имаат негаивни тестови добиени во изминатите 24 часа, како и оние кои во изминатитие шест месеци прележале инфекција од коронавирус.
Учесниците на замислената свадба се угостители, спонзори и сите оние кои се согласиле да ги испочитуваат условите за организација на Кризниот штаб за да се види дали во ваква средина ќе има ширење на кронавирусот. Ако се биде како што треба токму овој собир треба да биде вовед во враќање на нормалниот живот.
„После многу успешниот прв пилот проект одржан во четвртокот, на кој учествуваа повеќе од 80 луѓе, вечерва вториот пилот проект има за цел да покаже дека свадбените церемонии се безбедни. Независното здружение на угостители е многу гордо на реализацијата на овој проект, кој беше овозможено од Штабот за цивилна заштита и CNIPH и кои обезбедија максимална поддршка, за што им благодарам. Вечерва ова е симулација на вистинска венчавка само без невестата и младоженецот, но со богата вечера и настап на бенд“, изјавила Жаклина Троскот, претседател на Независното здружение на угостители.
По седум дена од „свадбата“ сите учесници на забвата ќе бидат тестирани за да се види дали и колку лица се имаат инфицирани од кронавирусот.
фото: 24sata.hr