Општина Лозово, годинава пред празниците одлучи да организира наградна игра. Како една од поглавните награди бил шпорет, а истиот го добил токму ќерката на градоначалникот на оваа општина, Ацо Велковски.
„Без лажи и преваре! Ни најмалку ни најмногу шпортетот го доби ќерката на нашиот градоначалник Аце (Ацо Велковски)!“, го најави добитникот водителката на лотаријата.
Ќерката на градоначалникот рече дека фамилијарно го добиле шпоретот и одлучиле да го доделат на семејство на кое му е потребно.
А ова?
Наградна игра во Општина Лозово
“Ние фамилијарно го добивме шпоретот…” pic.twitter.com/yZntS1kS2d— Mile Lefkov (@LefkovMile) December 27, 2020
Инаку, на овој настан кој се пренесуваше во живо преку профилот на Фејсбук на градоначалникот имаше уште еден „бисер“ – секој гледач можеше да си нарача музичка желба.