Познатата пејачка Лизо (33) во Америка важи за уметничка која ги поттикнува различностите. Пред сè таа има 140 килограми. Меѓутоа, Лизо нема проблем со своите килограми, па телото со задоволство го покажува на плажа, но и на црвениот тепих.
Вчера таа се појавила на роденденот од раперката Карди Би облечена во мрежест виолетов фустан под кој носела само гаќички. На забавата пристигнала боса.
Очигледно дека темата на оваа забава била „разоткривање“ поради тоа што речиси сите гости дошле разголени.
Мелиса Вивијан Џеферсон (33), позната под уметничкото име Лизо е пејачка, но и актерка. Родена е во Детроит, пораснала во Хјустон, а својата музика ја опишува како „црковен госпел со кој се тверкува“.
Лизо едноставно е спој на неспојливото. Со своите 177 центиметри висина и 140 килограми тежина, таа е „голема“ жена.