Европскиот парламент сака ограничувањето на алкохолот во сообраќајот да се намали на нула, пренесува 24сата.хр.
Со ова, веќе не би постоело ограничувањето од 0,5 промили, што би значело дека секогаш кога влегувате во автомобил не смее да имате ниту капка алкохол во вашето тело. Во Хрватска, веќе е воведена граница од 0,0 промили за младите возачи, но тоа може да важи и за сите други во иднина.
Европратениците ги повикуваат земјите-членки на ЕУ да вложат поголеми напори во однос на безбедноста на патиштата. Велосипедските и пешачките патеки создадени за време на пандемијата со коронавирусот треба да останат.
Според податоците на парламентот, 23.000 луѓе загинале во сообраќајни несреќи во ЕУ во 2019 година.
Парламентот, исто така, сака да лобира земјите-членки да воведат ограничување на брзината од 30 километри на час во станбени области, а тоа исто така ќе важи и за области каде е зголемен сообраќајот на велосипедисти и пешаци.