Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски го објави списокот на повикани играчи за настап на Европското првенство следниот месец. Тој во својот состав има 26 репрезентативци, како што е веќе познато поради повреда не може да смета на напаѓачот на Удинезе, Илија Несторовски.
Повикан е Милан Ристовски од словачкиот клуб Спартак Трнава во чии редови покажува добри перформанси, а повик доби уште една голема надеж, Дарко Чурлинов од редовите на бундеслигашот Штутгарт.
Списокот на повикани играчи за Евро 2020 –
Голмани: Столе Димитриевски (Рајо Ваљекано, Шпанија), Дамјан Шишковски (Докса, Кипар), Ристе Јанков (Работнички).
Одбрана: Стефан Ристовски (Динамо Загреб, Хрватска), Висар Муслиу (МОЛ Фехервар, Унгарија), Егзон Бејтулаи (Шкендија), Кире Ристевски (Ујпешт, Унгарија), Ѓоко Зајков (Шарлроа, Белгија), Дарко Велковски (Риека, Хрватска), Езџан Алиоски (Лидс јунајтед, Англија).
Среден ред: Аријан Адеми (Динамо Загреб, Хрватска), Енис Барди (Леванте, Шпанија), Стефан Спировски (АЕК Ларнака, Кипар), Бобан Николов (Лече, Италија), Тихомир Костадинов (Ружомберок, Словачка), Ферхан Хасани (Партизани, Албанија), Ељиф Елмас (Наполи, Италија), Даниел Аврамовски (Кајсериспор, Турција), Дарко Чурлинов (Штутгарт, Германија), Марјан Радески (Академија Пандев)
Напад: Горан Пандев (Џенова, Италија), Александар Трајковски (Мајорка, Шпанија), Иван Тричковски (АЕК Ларнака, Кипар), Влатко Стојановски (Шамбли, Франција), Крсте Велковски (Сараево, Босна и Херцеговина), Милан Ристовски (Спартак Трнава, Словачка).
– Можам да и ветам на нацијата дека сите играчи се ќе направат да бидеме горди, целам високо, ја поставив целта да се бориме за пласман во следната фаза, мислам дека можеме тоа да го направиме на ЕУРО“ – изјави Ангеловски.
Македонија е во група со Холандија со која ќе играме последни во Амстердам, а во Букурешт се среќаваме со Украина и Австрија.